19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар и Германија потпишаа 15-годишен договор за снабдување со гас

Катар и Германија потпишаа 15-годишен договор за снабдување со гас

Катар денеска објави дека потпишал 15-годишен договор со Германија за снабдување на таа земја со природен течен гас, во екот на светската енергетска криза предизвикана од војната во Украина.

Договорот меѓу катарската државна фирма „Катар енерџи“ и американската компанија „КонкоФилипс“ ќе придонесе за напорите за поддршка на енергетската безбедност во Германија и Европа, изјави на прес-конференција катарската министерка за енергетика Саад Шерида Ал-Кааби.

Според договорот, почнувајќи од 2026 година, Катар ќе испорачува до два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно на гасниот терминал во изградба во Брунсбител на северот на Германија, рече министерот, а пренесува Франс прес.

КонкоФилипс (ConocoPhillips) има удел во морското гасно поле на Катар во Персискиот Залив, кое Катар го дели со Иран, пренесува АП.

Германија, која беше водечки увозник на руски гас пред почетокот на војната во Украина, од крајот на август не доби ниту една испорака на гас од Русија.

Германија гради пет терминали за течен природен гас како клучен дел од планот за замена на испораките на руски гас, а првиот терминал се очекува да биде оперативен наскоро. Повеќето од сегашните испораки на гас за Германија доаѓаат преку Норвешка, Холандија и Белгија.

Како дел од напорите на Германија да спречи краткорочен недостиг на енергија, се вклучени и привременото реактивирање на електрани на јаглен и продолжување на работата на три нуклеарни централи кои требаше да бидат затворени до крајот на оваа година.

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се главните пазари за гас во Катар, додека европските земји сè повеќе бараат договори со Доха од почетокот на руската инвазија на Украина во обид да обезбедат различни извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП