20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУапсен Пабло Ескобар од Европа: Балканскиот наркобос контролирал третина од европскиот пазар...

Уапсен Пабло Ескобар од Европа: Балканскиот наркобос контролирал третина од европскиот пазар за кокаин!

Един Гачанин (40), познат по прекарите Тито и Дино, е уапсен во Дубаи во рамки на голема меѓународна акција во која вкупно 49 лица, водачи и членови на таканаречениот суперкартел, кој контролирал третина од пазарот за кокаин во Европа, се приведени, соопшти Европол и холандската полиција!

Тито, кој по потекло е од Босна и Херцеговина, но има и холандско државјанство, е идентификуван како водач на оваа голема криминална група.

– Американската истражна служба ДЕА го смета Гачанин за еден од 50-те најголеми светски дилери на дрога, се наведува во холандските медиуми.

Инспекторите се сомневаат дека „суперкартелот“ на Гачанин увезувал дрога директно од Јужна Америка во европските пристаништа и дека тој тесно соработувал со неодамна уапсената криминална група, која е поврзана со кавачкиот клан и со „вештерките“ на Никола Вушовиќ.

Тој беше мистериозен долго време

Според истите информации, криминалната група, на чие разоткривање со години работат светската полиција и американската ДЕА, паднала во акцијата „Пустинска светлина“, реализирана благодарение на дешифрираната комуникација Скај. Акцијата траела од 8 до 19 септември, а по тој повод биле запленети околу 30 тони кокаин.

Се сомнева дека Гачанин бил на самиот врв на пирамидата на овој картел, кој соработувал со помали криминални групи од Балканот. Неговиот прекар е надалеку познат, но неговиот идентитет долго време е мистерија за истражителите ширум светот, а неговото апсење е приоритет на странските служби од 2019 година.

Во голема меѓународна акција за разбивање на најголемата мрежа на дистрибутери на кокаин во септември минатата година, во која беа запленети дури 2,6 тони од овој наркотик и беа уапсени 61 лице, американската ДЕА го идентификуваше тогаш мистериозниот „извесен Тито“ како водач на овој картел, а имале и информации дека живее во Дубаи.

Приоритет за ДЕА

-Тој е поврзан со Колумбија, Перу и Боливија, од каде што набавува кокаин. Еден од неговите наводни соработници е Зоран Јакшиќ, водачот на групата Америка, кој со години е во затвор во Јужна Америка – тврдат странските медиуми по големата акција, кога Гачанин го споредуваа со еден од најголемите нарко босови во историјата, Ел Чапо.

Американската ДЕА дури во 2019 година објасни дека мистериозниот Тито е еден од најбараните мажи во Перу, но ниту ним не им биле познати деталите од неговиот живот.

-Водачот на нарко-мафијата е маж роден во Србија, на возраст меѓу 45 и 50 години, чие име не се знае со сигурност, а неговиот карактер се уште е мистерија. Она што се знае е дека сите го нарекуваат Тито – откри тогаш Орион Интелиџенс, полицаец на специјална јужноамериканска полициска група. ДЕА потоа го стави неговото апсење како приоритет.

Тој ја разви својата мрежа и свој нарко клан, кој испраќа дрога од Перу во Европа. Колку пари троши за превоз говори и фактот што кокаин со исклучителна чистота се транспортира со прекуокеански бродови, авиони, подморници – изјави овој специјалист.

Запленети се скапи автомобили, часовници, но и готовина

На видеото од апсењето на Един Гачанин во акцијата „Пустинска светлина“ се гледа дека полицијата запленила десетици луксузни автомобили, ја демолирала вилата во која престојувале дел од членовите на „суперкартелот“, но и запленила десетици пасоши и скапи часовници. Во вилите се пронајден и многу кеш.

– На сите локации на кои престојувале членовите на кланот е пронајдена поголема сума пари – се вели во полициското соопштение.

Во луксузните вили на членовите на овој картел биле пронајдени и уметнички дела вредни стотици илјади евра.

Инвестирале во фудбалери

Един Гачанин, родум од Сараево, со години во медиумите е етикетиран како поранешен боксер.

– Тито до пред десет години бил тренер на професионални боксери, а наводно работел и во Србија. Преку луѓето со кои соработувал и ги запознал преку спортот, а меѓу нив имало и луѓе од подземјето, успеал да оствари контакти со јужноамерикански дилери на дрога. За кратко време, од купувач и посредник, тој стана главен снабдувач на кокаин произведен во Боливија, Колумбија и Перу на европскиот пазар – соопшти ДЕА. Меѓутоа, по боксот почнал да размислува како бизнисмен, па парите од кокаин ги перел инвестирајќи во фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП