2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаразин: Еврото е лудорија

Саразин: Еврото е лудорија

sarazin1

Светот е полн со лудории, а еднa од нив е еврото, рече некогашниот член на Управниот одбор на Централната банка на Германија, Тило Саразин во Виена.

Тој, пред повеќе од 650 учесници на собирот во виенската палата Хофбург, синоќа го повторил својот став дека на Европа не и е потребно еврото и се изјаснил за политичка унија или флексибилен монетарен сојуз на ЕУ.

„Беше грешка да се воведе заедничката валута, пред да се воспостави сојузна европска држава“, оценил Саразин.

Според него, статистиката јасно покажува дека еврото не ја поттикнува благосостојбата и економскиот раст, туку во кризните земји придонесе за значајно влошување на состојбата.

Саразин го критикуваше потегот на одделни земји на ЕУ кои ги превземаа долговите на други држави и го критикуваше ставот на Европската централна банка што ги поддржува буџетите со купување на државни обврзници.

Тој е уверен дека Европската централна банка сака да го спречи распаѓањето на заедничката валута.

Саразин смета дека е потребно да постои можност за напуштање на монетарната унија, особено за земјите кои создаваат грижа, како што е Грција, Португалија или Шпанија. Само така, додаде тој, можно е повторно да се воспостави долгорочна конкурентност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП