23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦЕНАТА НА НАФТАТА СИЛНО ПАДНА: Немирите во Кина го зголемија стресот на...

ЦЕНАТА НА НАФТАТА СИЛНО ПАДНА: Немирите во Кина го зголемија стресот на пазарот на „црното злато“

Цените на нафтата денеска паднаа на најниско ниво од декември 2021 година, бидејќи бранот немири во Кина придонесе за стрес кај инвеститорите на пазарот на „црното злато“. Цената на барел брент на лондонскиот пазар падна за 2,53 долари или за 3 отсто на дневно ниво од 81,1 долари.

Американската сурова нафта WTI потона за 2,25 долари, или речиси три отсто, на 74,03 долари за барел. Во Кина изминатиот викенд избувнаа масовни протести поради строгите мерки против КОВИД ширум земјата.

Цените на акциите нагло пораснаа на кинеските пазари во вторник, бидејќи инвеститорите се надеваа на олеснување на рестриктивните мерки за борбата против ширењето на Ковид-19, што ги поддржа и другите азиски берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 1,8 отсто околу 7:00 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,3 и 4 отсто.

На самиот почеток на тргувањето, берзите беа внимателни, а цените на акциите во Шангај и Хонг Конг силно пораснаа кога беше објавена прес-конференцијата на Државниот здравствен совет во врска со мерките за ковид.

„Свикувањето на прес-конференцијата го возбуди пазарот поради можното олеснување на рестриктивните мерки“, пишуваат аналитичарите на АНЗ во прегледот на состојбата на пазарот.

Инвеститорите се надеваат дека властите ќе најават постепено ублажување на строгите рестриктивни мерки, со оглед на тоа што вчера, за прв пат по повеќе од една недела, бројот на заразени со Ковид во целата земја беше помал од претходниот.

Поради оваа причина, податоците за натамошното зголемување на бројот на заразени во Шангај и Пекинг, како и протестите против рестриктивните мерки во неколку кинески градови паднаа во втор план.

Инвеститорите беа охрабрени и од новите мерки на кинеските власти за поддршка на разнишаниот пазар на недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП