11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСилен земјотрес ги потресе Евија и Атина

Силен земјотрес ги потресе Евија и Атина

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евија и главниот град Атина, јавува интернет порталот на весникот „Катимерини“.

Порталот наведува дека по првиот земјотрес следеле неколку помали земјотреси.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, но училиштата во Каристос, во близина на епицентарот на земјотресот, добија наредба да останат затворени.

Институтот за геодинамика при Државната опсерваторија во Атина соопшти дека епицентарот на главниот земјотрес бил на југоисточниот брег на Евија, на девет километри од Заракес и на длабочина од 13,3 километри.

Првиот земјотрес беше почувствуван во Атина и неговата околина, а потоа следеа неколку земјотреси, од кои два беа со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Професорот на Универзитетот за геологија и управување со катастрофи во Атина, Ефтимиос Лекас, рече дека не очекува земјотресот да биде претходник на поголем настан, бидејќи областа каде што се случи не е позната по интензивна сеизмичка активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП