26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладите на ЕУ не постигнаа договор за ограничување на цената на руската...

Владите на ЕУ не постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта

Земјите-членки на Европската унија не успеаја да се договорат за ограничување на цената на руската нафта, бидејќи Полска инсистираше на тоа дека ограничувањето мора да биде пониско од она што го предложи Г7 за да се намали способноста на Москва да ја финансира инвазијата на Украина, велат тие.

„Нема договор. Правните текстови сега се договорени, но Полска сè уште не може да се согласи со цената“, рече еден дипломат.

Нов датум за преговори се уште не е одреден, додаде тој, иако механизмот за ограничување на цената се очекува да стапи на сила на 5 декември.

Доколку до следниот понеделник нема договор за ограничувањето на цената предложено од Г7, ЕУ ќе спроведе построги мерки договорени на крајот на март – забрана за увоз на целата руска сурова нафта од 5 декември и забрана за увоз на нафтени деривати од 5 февруари, изјавија полски дипломати.

Унгарија и уште две централноевропски земји без излез на море обезбедија изземање од таа забрана, потсетува Ројтерс.

Групата седум индустриски развиени земји (Г7) предложи поблага верзија на забраната за да се одржи стабилно снабдувањето со нафта на глобалната економија бидејќи Русија испорачува 10 отсто од светската нафта.

Групата предложи ЕУ и другите глобални купувачи да продолжат да купуваат руска сурова нафта, но само ако нејзината цена е на или под нивото договорено од Г7. Ова ќе го намали приходот на Кремљ. Г7 предложи горна граница од 65-70 долари за барел, но Полска и некои други велат дека тоа нема да и наштети на Москва.

Полска, Литванија и Естонија се залагаат за ограничување на цената од 30 долари за барел.

Полјаците се целосно бескомпромисни по прашањето за цената, не предлагаат прифатлива алтернатива“, потенцира дипломатот на Унијата. „Јасно е дека расте гневот за полската позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП