недела, 5 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Во следните пет години Data Masters ќе стане светски играч“ - интервју...

„Во следните пет години Data Masters ќе стане светски играч“ – интервју со Мигел Амарал

Ако нештата оделе по првичната замисла, Мигел Амарал требало да стане адвокат, но откако еден од неговите пријатели го запознал со компјутерот ZX Spectrum пројавил нов интерес. Сето ова придонело да се запише на Научниот факултет во рамки на Универзитетот Лисабон. Четири години подоцна почнал да развива front – end решенија за банки и осигурителни компании, градејќи притоа импресивна кариера во Португалија.

Од октомври годинава, Мигел го засили тимот на Дата Мастерс на позиција менаџер, со тоа станувајќи првото интернационално засилување од Португалија на компанијата, а ќе биде одговорен за развој на одделот за финансии и банкарство. Прочитајте го интервјуто во кое тој зборува за своето искуство, мотивацијата да се придружи на Дата Мастерс и како ја гледа иднината на компанијата.

Имате интересна професионална приказна. Велите дека сте требало да бидете дел од свет во кој се дели правда и се носи костум, но тоа се сменило. Што е она што ве предомисли во поглед на бирањето на кариера?

Уште од средно училиште, одбрав насока која требаше да придонесе да станам адвокат. Неколку години подоцна, еден колега ме покани да играме видеоигра со фудбал на легендарниот компјутер ZX Spectrum. Бев фасциниран и воедно одлучив да купам една од овие машини. „За среќа“, програмата не сакаше да се прикаже, односно не функционираше нејзината поддршка, што всушност и доведе до тоа да го прочитам прирачникот за неа. Така, помеѓу “print“ и “goto“, го искуцав и својот прв код “Hello World!“.

Не требаше нешто многу за да ги оставам зад себе светот на “правда и костуми“ и да аплицирам да студирам Применета математика во компјутерство на Научниот факултет при Универзитетот Лисабон. Четири години подоцна, почнав да работам за консултантска компанија, развивајќи front – end решенија за банки и осигурителни компании.

Дури кон средината на 90-тите сфатив што е она што сакам да го работам. Во рамките на проект за наплата направен за потребите на аеродромите во Португалија развив нешто што се нарекува CDA (Classified Data Archive) која спроведуваше менаџмент информации до крајните корисници. Тогаш и го создадов моето прво DWH (складиште за податоци).

Со импресивна кариера како вашата, несомнено досега сте доживеале многу успеси. Што лично сметате за свое најголемо професионално достигнување?

За среќа, досега сум имал многу моменти што ме исполниле професионално. Тука ги вбројувам секој пат кога ќе создадам алгоритам кој решава комплексна ситуација во моментот, кога ќе го забележам ентузијазмот во очите на колегите на кои сум им пренел знаење, после остварувањето на добра комуникација со моите клиенти и разбирањето на нивните потреби на јасен начин, кога ќе го пренесам резултатот од проект на моите клиенти и гледам како тоа драстично им ги олеснува нештата, кога го гледам финансискиот резултат на проектите и успевам да продадам нов проект.

Но, моето најголемо професионално достигнување беше пред неколку години кога успеав успешно да ги оркестрирам моите тимови и да ги постигнам сите фази споменати погоре.

Кои домени се ваша специјалност и кои типови на проекти се дел од вашето портфолио?

Имам директно бизнис искуство во неколку услужни сектори, главно во делот на банкарство и финансии. После неколку години минати работејќи консултанство и банкарство, сметам дека поседувам солидни вештини за креирање на информациона стратегија и архитектура, стратегија за бизнис интелигенција и архитектура, креирање на концепти за DWH, како и нивен дизајн и имплементација.

Во досегашната кариера, имам работено на неколку проекти во улога на Бизнис аналитичар и Проектен менаџер. Истовремено имам искуство во Менаџирање на ризици/Адекватност на капитал (создавање прудентни извештаи во согласност со COREP (Common Reporting), AQR (Asset Quality Review), EBA стрес тест за план на имплементација на IRB (Internal ratings-based approach)/PPU, управување со средства и обврски (ALM) и оперативен ризик во конкретни домени.

Имате големо искуство во делот на Бизнис интелигенција која се има променето низ годините. Дали може да направите споредба на тоа како алатките, технологиите и проектите се имаат сменето, односно напреднато низ вашата кариера?

На почетокот од мојата кариера, имав состаноци со дузина бизнис корисници со цел создавање на COBOL програми на мејнфрејм што лансираа квериња до DB2 дата база и ги претставува резултатите во вид на текстуални датотеки што потоа беа испраќани преку принт-спулер.

Неколку години подоцна, почнав да користам RDBM Oracle база на податоци на UNIX сервер. Табелите кои притоа во рамки на моделот беа внимателно дизајнирани со помала нормализација беа вчитувани со PL/SQL процеси.

Потоа со помош на Business Objects Universe поврзував и мапирав ѕвезденa шема што понатаму обезбедуваше метрики и димензии за анализа кои пак беа користени во Business Objects алатката што служи за креирање извештаи и анализи. Оваа алатка му овозможува на самиот корисник преку drag-and-drop да користи елементи за извештаи и анализа. Во суштина се создава SQL барање додека корисникот ги модифицира тие објекти. Притоа извештаите се креирани од бизнис експерти и се испраќаат до крајните корисници.

Во денешно време, се користат cloud решенија што содржат бази на податоци во петабајти, ETL процеси создадени од алатки преку drag-and-drop, како и алатка за креирање дашборди како што е Power BI. Целиот овој напредок ни овозможува да изградиме решение во соработка со деловните корисници на клиентите преку мулти-дисциплинарни тимови и заедно да го изодиме целиот процес.

Зошто одлучивте да се придружите на Data Masters и како вие гледате на растот на компанијата?

Од моментот кога одлучив да бидам консултант, моја главна амбиција е да им помогнам на луѓето и компаниите за да ги решат предизвиците со кои се соочуваат. Токму знаењето што се крие во податоците за мене претставува најинтелигентниот начин да се направи тоа. Напредната технологија што се користи и континуираната иновација во пристапот ја прави Data Masters најдобра компанија која сето ова го применува во пракса.

Во Data Masters човек може да ја почувствува позитивната енергија. Не се сомневам дека наскоро ќе стане светска компанија.

Кои се вашите задолженија во рамки на улогата што ја имате во Data Masters?

Како личност одговорна за развој на канцеларијата во Португалија, ќе имам активна улога во привлекувањето на нови бизниси, како и успешна егзекуција на различните проекти и активности. Главно, на ниво на компанија најмногу ќе придонесам во делот на банкарство и финансии.

Како вие гледате на присуството на Data Masters на португалскиот пазар? Каков е нашиот потенцијал?

Огромен дел од ДНК-та на компанијата доаѓа од Португалија, оттаму разбирлива е лесната и природна адаптација на компанијата на португалскиот пазар. Голем број на луѓе од тимот на Data Masters имаат стекнато образование и работно искуство во Португалија што на компанијата и дава одличен старт и свесност за тамошната бизнис клима и потенцијал. Знаењето што го поседува за тоа како функционира бизнисот во Португалија, потпомогнато од интернационалното искуство следствено го зголемува и нашиот потенцијал.

Кои се најсилните страни на Data Masters и каква е вашата визија за компанијата во наредните 5 години?

Би ги издвоил начинот на кој Data Masters се позиционира глобално, сериозниот пристап кон бизнис партнерите, страста за создавање решенија, посветеноста кон едукацијата на тимовите како и пријателската средина што ја прават Data Masters најдоброто место за работа. Мојата визија е дека за 5 години отсега, Data Masters ќе биде сериозен играч на пазарот не само во Европа, туки и во светски рамки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП