29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа три европски земји им се заканува валутна криза во идната година

На три европски земји им се заканува валутна криза во идната година

На три европски земји им се заканува валутна криза во 2023-та година, предвидуваат експерти на јапонската финансиска компанија „Nomura holdings“, цитирани од италијанското специјализирано издание „Money“.

Сите три се надвор од еврозоната, со ризик од колапс на нивната национална валута и соочени со непријатна перспектива да се приклучат на неколку други земји во светот чија валута е на работ на колапс.

Поради зголемените даночни предизвици кои произлегуваат од надворешни фактори, ниту Стариот континент нема да биде „имунизиран“ од колапсот на девизните курсеви, посочува „Nomura“. А тоа би бил дополнителен фактор на финансиска нестабилност во наредната година, за која веќе се предвидува рецесија.

Кои европски земји се изложени на ризик?

На Чешка, Романија и Унгарија им се заканува криза на девизните курсеви во наредната година, сметаат експертите од „Nomura“. Ова предупредување се заснова на анализа на осум показатели, вклучувајќи ја покриеноста на девизните резерви при увоз, реалните краткорочни каматни стапки, како и даночната политика и салдото на тековната сметка, според „Damocles“ индекс на „Nomura“. Тој ја проценува ранливоста на валутна криза на 32 пазари во развој.

Унгарската форинта е меѓу валутите на пазарите во развој со најлошо работење оваа година откако беше суспендирано европското финансирање за обновување. Валутите на Романија и Чешка, леи и круна, исто така не се во процут, бидејќи поевтинија за повеќе од 8 проценти во однос на доларот.

Степенот на ранливост на валутите на новите пазари е на највисоко ниво во последниве повеќе од 20 години и претставува „страшно предупредување“ за растечките ризици од се поголеми размери, пишува италијанското издание.

Не треба да се заборави дека валутните пазари беа потресени од сериозни превирања во 2022-ра година, а во некои земји комбинацијата на геополитички притисоци и погрешни чекори на централните банки ги испрати валутите во „спирала на смртта“.

Силниот долар принуди многу инвеститори да се свртат кон американската валута како безбедно засолниште по серијата геополитички и макроекономски шокови, а тоа имаше негативно влијание врз многу валути на пазарите во развој.

Големите производители на нафта и земјите чии централни банки решително ги зголемија каматните стапки генерално поминаа подобро, но вредноста на валутите на многу земји драстично падна во однос на доларот.

Египет, Шри Ланка, Турција и Пакистан остануваат сериозно загрозени, велат во извештајот двајца аналитичари на јапонската финансиска компанија.

Трите валути со најлоши резултати во 2022-ра година

Стив Ханке, професор по применета економија на Универзитетот Џон Хопкинс, неодамна објави листа на валути со најлоши резултати во годината, а на третото место е ганскиот цеди, според анализата на „CNBC“. Проблемите на Гана вклучуваат повисоки трошоци за живот и огромно оптоварување со долгови, што ја натера владата да се обрати до Меѓународниот монетарен фонд за помош.

Колапсот на цеди сè уште го става само на третото место меѓу валутите со најлоши перформанси.

На второ место е кубанскиот пезос, кој поевтини за 56,36 отсто во однос на доларот, втор само по зимбабвескиот долар, кој загуби неверојатни 76,74 отсто од вредноста во однос на американскиот долар од јануари досега. И Зимбабве и Куба страдаат од неверојатно нивоа на инфлација.

Инфлацијата во оваа африканска земја достигна 268 отсто на годишна основа во октомври, според националната агенција за статистика „ZimStat“, но Ханке ја стави на 417 отсто. Како и Гана, властите во Зимбабве се обидоа да ја поддржат националната валута и да се справат со инфлацијата со елиминирање на плаќањата во локални долари.

Многу високата инфлација е исто така централен проблем во Куба, при што моделот на Ханке проценува годишен пораст на потрошувачките цени таму за 166 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП