19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ ја обвини Молдавија за нередовни плаќања на гасот

„Газпром“ ја обвини Молдавија за нередовни плаќања на гасот

„Газпром“ нема да го намали транзитот низ Украина откако ќе го добие целиот износ на авансот за природен гас во ноември од Молдавија. Ова е јасно од пораката на компанијата на нејзиниот канал Телеграм.

„Газпром“ пред неколку дена ја обвини Украина дека ги прекинала количините наменети за Молдавија и предупреди дека од 28-ми ноември ќе ги намали испорачаните количини. Тогаш украинскиот оператор на мрежата за пренос на гас, „ГТС“, изјави дека поседуваат документи во кои сите страни, вклучително и „Газпром“, потврдиле дека испораките се исполнети според договорот.

„Сега рускиот гасен холдинг забележува „редовни прекршувања“ на договорот од страна на Молдавија во врска со плаќањата за природен гас.„Газпром“ го задржува правото да го намали и целосно да го запре снабдувањето со гас доколку има прекршувања во плаќањата“, се наведува и во соопштението на руската државна компанија.

„Газпром“ и „Молдовагаз“ потпишаа петгодишен договор за снабдување со гас во ноември 2021-ва година. Тој предвидува плаќање до 20-ти за гасот потрошен во претходниот месец и во првата половина на тековниот месец.

„Молдовагаз“ нецелосното плаќање на сметката за ноември го објасни со наглото зголемување на потрошувачката во самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, окупирана од руската војска, додава „Reuters“. Според компанијата, ова чинело дополнителни 42 милиони долари, кои ги платила.

Транзитот на гас преку Украина во моментов е единствената рута за руски гас до западноевропските земји. Поради заканата од намален транзит, цената на природниот гас на холандската берза „ТТF“ на 23-ти ноември порасна на околу 130 евра за мегават час. Сепак, договорите за испорака во декември сега се тргуваат со околу 116 евра за мегават час, што е намалување за речиси 6% од затворањето во петокот (25-ти ноември).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП