26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Jaguar Land Rover“ го намалува производството на 3 модели

„Jaguar Land Rover“ го намалува производството на 3 модели

„Jaguar Land Rover“ ќе го намали производството на нови автомобили најмалку до пролетта 2023-та година поради тековниот недостиг на електронски компоненти, објави „Automotive News Europe“.

Според изданието, кое се повикува на сопствени извори, британскиот производител на автомобили приоритет ќе им даде на поскапите модели со високи маржи. Според тоа, ќе го намали производството на модели како „Range Rover Velar“, „Land Rover Evoque“ и „Discovery Sport“, како и „Jaguar F-Pace“, а истовремено ќе го зголеми склопувањето на поскапите „Range Rover“ и „Range Rover Sport“.

Портпаролот на „Jaguar Land Rover“ им потврди на новинарите дека автомобилската индустрија продолжува да страда од постојани нарушувања во синџирот на снабдување со полупроводници, што ги принудува производителите на автомобили да го приспособат работењето на нивните погони. Во исто време, „Jaguar Land Rover“ забележува дека побарувачката за автомобили од двете марки сè уште е на високо ниво.

Компанијата нагласи дека немаат намера да го намалат производството во фабриката „JLR Nitra“ во Словачка, која го произведува најпродаваниот теренец на брендот, „Defender“. Нема планови за намалување на персоналот во операциите на „Jaguar Land Rover“ во Велика Британија.

Вреди да се напомене дека намалувањето на производството на автомобили веќе доведе до фактот дека редиците чекање за новиот „Range Rover“ се протегаат дури и повеќе од една година, а прифаќањето на нарачки за некои верзии на моделот мораше целосно да се прекине. Во третиот квартал од 2022-ра година, „Jaguar Land Rover“ извести дека испораките на автомобили до дилерите биле за 17% помалку од предвидените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП