25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 308 GTi за 2014-та година

Peugeot 308 GTi за 2014-та година

309

Објавени се првите фотографии на прототипот од новата генерација на моделот „Peugeot 308 GTi“, за кој се верува дека ќе се најде во продажба во 2014-та година.

„Peugeot“ на актуелниот франкфуртски авто-салон ја претстави новата генерација на моделот 308, но и концептот на супермоќната верзија „308 R“ со 273 ks (201 kW). Со оглед дека најмоќната регуларна „308“-ца под хаубата има мотор од околу 160ks, се отвора простор за „GTi“ модел кој според снагата ќе се најде меѓу овие две опции.

Се очекува новиот „Peugeot 308 GTi“ кој би имал 1.6 литарски бензински погонски агрегат од типот „THP“, да произведува околу 200ks.

Во согласност со помоќниот мотор доаѓаат и спортските аспирации, па така „GTi“ во однос на стандардниот 308 ќе има спуштена суспензија, различни светла за магла, редизајнирани браници, редизајнирани алуминиумски фелни и двојна издувна цевка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП