25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри нови трендови: Глобалната економија е пред сериозни шокови

Три нови трендови: Глобалната економија е пред сериозни шокови

Светот се движи кон длабоки економски и финансиски промени, а не само кон нова рецесија, предупредува Мохамед Ел-Ериан, главен економски советник во Алијансата.

Во авторски текст за магазинот „Foreign Affair“, Ел-Еријан, кој е и поранешен извршен директор на Pimco, влијателен играч на пазарот на обврзници, оценува дека комбинацијата на притисоци на страната на понудата, заострувањето на монетарната политика на американската централна банка и „кршливоста“ на пазарот ќе го погоди глобалниот раст.

„Три нови трендови особено укажуваат на таква трансформација и веројатно ќе играат важна улога во обликувањето на економските резултати во следните неколку години, имено промената од недоволна побарувачка кон недоволна понуда како главна повеќегодишна кочница на растот, крајот на отворената ликвидносна поддршка од централните банки и зголемената кршливост на финансиските пазари“, напиша Ел-Ериан.

Тој смета дека „овие промени помагаат да се објаснат многу невообичаените економски случувања во изминатите неколку години, кои веројатно ќе доведат до уште поголема неизвесност во иднина, бидејќи шоковите стануваат се почести и посилни“.

Тие промени ќе влијаат на поединци, компании и влади на економско, социјално и политичко ниво, предупредува Ел-Еријан.

Овој економист особено ја критикуваше американската централна банка (ФЕД) бидејќи, според него, тие предоцна го препознаа деструктивното влијание на инфлацијата врз економијата, по што почнаа со нагло зголемување на референтната каматна стапка за да го надоместат изгубеното време.

Ел-Еријан, исто така, рече дека пазарите се навикнале на евтини пари од централните банки, што, според него, имало „перверзен ефект“ од преплавување на „значаен дел од глобалната финансиска активност“ во фондовите за управување со средства, приватниот капитал и хеџ фондовите, покрај другите ентитети чија дејност е недоволно регулирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП