29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Европа доцна се сетија дека Америка скапо им наплаќа

Во Европа доцна се сетија дека Америка скапо им наплаќа

Вистинската зима се уште не е започната, а испораките на руски гас за централна и западна Европа се намалуваат.

Уредничката на порталот „Енергија Балкана“ Јелица Путниковиќ за РТС вели дека Европа не се обезбедила на време, и дека скапо ги платила санкциите кон Русија.

Таа вели и дека во Европа доцна се сетиле дека Америка скапо им го наплаќа гасот.

„Гаспром“ најави дека денеска би можел да ги намали, па дури и целосно да ги запре испораките преку Украина, доколку таа земја не ги ослободи сите количини наменети за Молдавија. Властите на Украина и Молдавија го сметаат за уцена. Русија, исто така, вели дека нема да доставува гас и нафта за земјите што ја ограничуваат цената.

Европската унија уверува дека зависноста од рускиот гас пред војната била 41 отсто и дека во ноември таа паднала на девет отсто. Америка рече дека е тешко да се испорачаат 15 отсто договорени.

Повторно има искри на релација Брисел-Вашингтон, а најгласна е Франција која ги обвинува САД дека ја искористиле енергетската криза продавајќи гас четири пати поскапо.

„Ми се чини дека доцна се сетија во Европа дека Америка скапо им го наплаќа својот гас, кој им го ветува со години, а едноставно продавачите на гас за да не возат цистерни до азиските клиенти, продаваа гас поскапо во Европа“, нагласува Путниковиќ.

Во Брисел нема договор за ограничување на цените ниту на гасот ниту на нафтата. Нема договор, бидејќи сите се свесни дека тоа би ги ставило во уште потешка ситуација отколку што се сега.

Европа се согласи дека заеднички ќе купуваат неруски гас, како што рекоа, но не прецизираа дека може да се работи за гас што е руски, но купен од трговец кој во меѓувреме го купил. Од друга страна, тие не донесоа одлука да престанат да купуваат руски гас, туку донесоа одлука само да престанат да купуваат руска нафта.

„Информациите од последните два-три дена се дека Турција во голема мера ја зголемила набавката на руска нафта, ја преработува и извезува деривати, бидејќи на 5 декември стапува на сила забраната за увоз на руска нафта во Европа преку поморските пристаништа, но во февруари ќе стапи на сила забраната за увоз на руските деривати, а во Европа веќе има проблем со недостиг на дизел.Турција тоа го користи“, додава уредникот на порталот „Енергија балкана“.

Се нагласува дека секогаш има некој што ќе го испорача горивото кое го нема, ако Европа скапо го плати.

Европа има поголем проблем со скапиот гас отколку со нафтата.

Следниот понеделник ќе стапи на сила ембаргото на Европската унија за руската нафта. Зборувајќи за тоа колку европскиот пазар е подготвен за таа санкција, Путниковиќ вели дека мисли дека тие се всушност подготвени, бидејќи на светскиот пазар има доволно нафта, а побарувачката е намалена поради инфлацијата, економиите стагнираат.

„Нафтата поевтини, заврши со тргувањето минатата недела на околу 87 долари, па таа нафта ќе може да ја купи од друг, но сега прашање е дали ќе продолжат со санкциите кон Русија, бидејќи не успеаја да се договорат за цената таму, едноставно мислам дека се плашат да одредат цена , а на пример Полска бараше 20 долари за барел да биде цената, што е под сите пазарни цени“, објаснува Путниковиќ.

Останува да видиме колкава ќе биде цената на пазарот, бидејќи секако сите потрошувачи се надеваат на дополнително намалување на цената на горивата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП