Кинеската полиција претепа и уапси новинар на „Би-Би-Си“ кој известуваше за протестите против коронавирусот во Шангај, но тој беше ослободен од притвор по неколку часа. Инцидентот е снимен.
„Би-Би-Си е крајно загрижен за односот кон нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен и со лисици на рацете додека известуваше за протестите во Шангај“, се вели во соопштението на портпаролот на британската јавна телевизија.

