недела, 5 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ278. ден војна во Украина: Украина на прагот на тешка зима, со...

278. ден војна во Украина: Украина на прагот на тешка зима, со рестрикции за струја и греење; Западот подготвува нови испораки на оружје

Украинците влегоа во тешка зима, со рестрикции за струја и греење. Украинскиот премиер Денис Шмигал вели дека дефицитот на капацитетот во енергетскиот систем на Украина е 20 отсто. Белгија, Франција и Германија најавија нови пакети воена помош за Киев.

Воената управа на Енергодар: Нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола

Нуклеарната централа во Запорожје останува под руска контрола, соопшти во понеделник руската воена управа на градот Енергодар, откако висок украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да заминат.

Ограничувањата за напојување остануваат во сила низ Украина. Повеќе од илјада експерти секојдневно работат на поправка на украинскиот електроенергетски систем, но се уште има дефицит од 20 отсто, изјави премиерот на Украина Денис Шмигал.

Во Киев падна снег, температурата е околу нула Целзиусови степени, а милиони луѓе во главниот град на Украина и неговата околина се соочуваат со ограничувања во снабдувањето со електрична енергија и парно, соопшти украинскиот оператор „Укренерго“.

Помошта за Киев продолжува. Белгија, Франција и Германија најавија нова помош за Украина, додека британското Министерство за одбрана потврди дека до Киев биле испорачани ракети со висока прецизност.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека испораката на оружје од Германија за Украина спасува животи на Украина, нагласувајќи дека воената помош за Киев значи зајакнување на неговата позиција на преговарачката маса.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Русија нема да извезува нафта во земји кои ја ограничуваат нејзината цена.

Ватикан понуди да организира преговори меѓу Киев и Москва на нејзина територија, но „се уште не е добиен конкретен одговор“, изјави шефот на одделот за надворешна политика на Католичката црква, надбискупот Пол Ричард Галагер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП