27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот зајакна, цените на нафтата драстично паднаа

Доларот зајакна, цените на нафтата драстично паднаа

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути се зголеми бидејќи доларот е познат како безбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,35 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 106,05 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,5 отсто, на 138,45 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,4 отсто, на 1,0355 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, значително паднаа бидејќи трговците стравуваат дека протестот против мерките за ковид во Кина ќе предизвика слабеење на побарувачката за гориво во најголемиот светски увозник на нафта. Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 2,6 отсто, на 81,48 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,8 отсто, на 74,15 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП