26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Zenvo“ го претстави својот најбрз суперавтомобил (ФОТО/ВИДЕО)

„Zenvo“ го претстави својот најбрз суперавтомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Данскиот производител на егзотични автомобили „Zenvo“ го претстави хиперавтомобилот со ограничена едиција со голема брзина наречена „TSR-GT“.

Двоседот доби промена во дизајнот заради аеродинамиката и е најбрзиот хиперавтомобил на компанијата. Максималната брзина е ограничена на 424 km/h, што е за 99 km/h повеќе отколку што би можел да развие претходниот модел на марката – „TSR-S“.

„Zenvo TSR-GT“ е прилагоден за трки каде што може да се искористи максималната брзина. Данците ќе направат само три примероци на „TSR-GT“, откако веќе најдоа купувач за секој, но не откривајќи ја цената.

Срцето на „TSR-GT“ е 5,8-литарски V-8 мотор со два механички компресори. Тоа е всушност моторот на „TSR-S“, но со надградби. На биоетанол „Е85“, единицата развива 1379 ks и ги движи задните тркала преку седумстепен менувач.

Инженерите на „Zenvo“, исто така, се фокусираа на намалување на отпорот, што значи дека активниот спојлер на „TSR-R“ отвори место за подолго фиксно крило, а тркалата сега имаат аеродинамични капаци.

Префиксот „GT“ во името исто така не е случаен, бидејќи внатре „TSR-GT“ не е спартански како „TSR-S“. Барем производителот ветува помалку „голи“ јаглеродни влакна и ќе го замени лажниот велур со вистинска кожа и ќе додаде патосници за намалување на бучавата со кожни рабови.

„Zenvo“ планира да лансира целосно нов модел во 2023-та година, кој ќе добие нова шасија од јаглеродни влакна, менувач, електричен погон и модуларен V12 мотор. Сето ова ќе биде нивни сопствен развој. Моторот ќе добие два електрични турбополначи и без хибриден систем ќе обезбедува околу 1.200 сили, а комбинираната моќност ќе биде 1.500-1.800 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП