24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуризмот најбрзо закрепна во Европа

Туризмот најбрзо закрепна во Европа

Две и пол години по пандемијата, се појавуваат јасни победници во трката за враќање на економиите зависни од туризам на нивните нивоа пред пандемијата, при што Европа ги предводи, според новите податоци на Светската туристичка организација на ОН (UNWTO).

Благодарение на патувањето во регионот, како и на американските туристи кои се враќаат на нивните омилени дестинации, Европа привлече 68% од 477 милиони меѓународни туристи во светот помеѓу јануари и септември 2022-ра година. Ова е закрепнување од 81% на пристигнувањето на туристите пред пандемијата.

Најголем дел од акумулираната желба на туристите за одмор во европските градови или на брегот на Средоземното Море се манифестирала во третиот квартал од годинава, покажуваат и податоците. Трендот е ист и за бројот на туристи во светот, најголем дел од закрепнувањето во меѓународните патувања се случи меѓу јули и септември. Ова е четири месеци по почетокот на војната во Украина и по широкото релаксирање на условите за влез за прв пат од март 2020-та година, што ја поддржа довербата на потрошувачите во трансатлантските патувања.

По Европа на листата на региони со најбрзо закрепнување во светот оваа година се Блискиот Исток, Африка и Америка, кои постигнале 77%, 63% и 66% соодветно од нивните нивоа во 2019-та година до септември.

Поблискиот поглед на поединечните дестинации покажува и дека некои земји надвор од Европа поставија нови рекорди во бројот на туристи, покажуваат податоците на „UNWTO“. Тука спаѓаат Етиопија, Хондурас, Порторико, Доминиканската Република, Колумбија, Ел Салвадор и Исланд.

Ова е во спротивност со САД, каде што нивото на странски туристи остана 34 отсто под нивото од 2019-та година во септември. Околу 7 милиони посетители најверојатно ќе се откажат од посетата на Соединетите држави следната година поради огромните доцнења во обработката на визите за посетители, соопшти Американската туристичка асоцијација.

До крајот на 2022-ра година, Светската туристичка организација предвидува дека светската туристичка индустрија ќе постигне закрепнување до 65% од нивоата пред пандемијата, што ќе донесе околу 1,2 до 1,3 трилиони долари приход од туризмот, блиску до неговиот рекорд од 1,8 трилиони долари.

Трајното закрепнување на туризмот може да остане нерамномерно, но тоа е во тек додека луѓето повторно се обидуваат да го истражуваат светот и покрај инфлацијата, енергетската криза и претстојната глобална рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП