29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСекојдневни навики кои можат да предизвикаат хемороиди

Секојдневни навики кои можат да предизвикаат хемороиди

До 50-тата година половина од населението наидува на хемороиди, а чешањето е еден од симптомите на овој проблем.

Хемороидите се поврзани со хроничен запек, често празнење или предолго седење во тоалет, што може да предизвика акумулација на крв во садовите на ректумот и да предизвика појава на хемороиди.

Тие се чести кај сите возрасни групи и ги зафаќаат двата пола. Некои од симптомите се чешање, болка, непријатност, нарушувања на дебелото црево и крварење.

Дигање тешки тежини, конзумирање на храна која содржи малку влакна, јадење топла и зачинета храна, дебелина, долго седење и напрегање при празнење на цревата се некои од навиките кои предизвикуваат хемороиди.

Исхраната игра важна улога во третманот. Неопходно е да се јаде храна богата со растителни влакна, зелено овошје и зеленчук и да се пие вода. Важно е да се намали внесот на масна и пржена храна, како и кафе, што може да ја забави работата на цревата и да доведе до влошување на хемороидите.

Ако состојбата се влоши и не успеете да направите ништо со промена на исхраната и домашните лекови, контактирајте го вашиот лекар за помош, пишува Индекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП