Најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ соопшти дека денес порачала 59 нови авиони за долги дестинации, чија вкупна вредност изнесува 14 милијарди евра.
Во соопштението на „Lufthansa“ се наведува дека се нарачани 34 авиони од „Boeing“ од типот „777-9X“ и 25 авиони од „Airbus“ од типот „A350-900“, со цел да се обнови флотата на компанијата, пренесува Франс прес.
Испораката на овие авиони би требало да започне во 2016 година, се додава во соопштението.
Оваа нарачка, „Lufthansa“ ја карактеризираше како најголема одделна инвестиција која еден приватен инвеститор некогаш ја направил во Германија, збогатувајќи ја флотата на компанијата со авиони кои се далеку поефикасни во поглед на потрошувачката на гориво.