26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРуски војник: Кога почна повлекувањето, нашите сили почнаа да пукаат кон нас

Руски војник: Кога почна повлекувањето, нашите сили почнаа да пукаат кон нас

Група руски војници, мобилизирани од градот Серпухов, во близина на Москва, се пожалија дека биле испратени да се борат во близина на селото Макиевка во областа Луганск, што беше ослободено од украинската армија во ноември, без соодветна обука и воена опрема и дека врз нив било пукано при повлекувањето.

Во видео објавено на телеграмскиот канал ВЧК-ОГПУ, еден од војниците вели дека претрпеле големи загуби. Тој вели дека преживеаните моментално се во воениот камп во Бараниковка во областа Луганск.

Регрутите се вселиле во трошна куќа и, како што вели човекот на видеото, „не знаат што да прават“. Зградата каде што се стационирани нема струја, ниту прозорци, а мажите немаат што да јадат.

Војникот што зборува на видеото се претстави како Владимир Андреевич Гурин. Рече дека останале малкумина, дека биле претепани. Според него, командата на единицата си заминала, а сега се обидуваат сами да ја организираат четата и сами да командуваат.

Гурин спомнува и борец кој се претставил како Точка и ја поделил четата на две единици. Првата единица од 60 луѓе отиде да се бори за Макиевка и не се вратија сите. Регрутите се пожалија и дека им било кажано да не носат ништо со себе, дека завршиле во лоши униформи и дека не знаат каде ќе ги пратат.

По делумната мобилизација во Русија, на социјалните мрежи беа објавени многу видеа на кои војниците се жалат на недостиг на обука, несоодветна опрема и непрофесионално раководство.

Некои покажуваат и застарена опрема и оружје од ерата на Советскиот Сојуз.

Но, Кремљ одлучи да ги запре граѓаните кои објавуваат информации за состојбата на армијата, а во моментов се подготвува нов закон кој треба да воведе уште поголема цензура на медиумите,пренесе Индекс.хр.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП