25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот Москвич! Дали би го возеле?(ВИДЕО)

Ова е новиот Москвич! Дали би го возеле?(ВИДЕО)

Требаше да биде револуционерен модел, но на крајот испадна дека е само копија.

Поминаа 20 години од смртта на легендарниот Москвич, а сега тој се врати во услови на санкции. Тоа може да го направи само Москвич, „најдобриот автомобил на светот“, кој го задржа легендарното име, но се останато доаѓа однадвор. Имено, уште при најавата за брзо обновување на производството се шпекулираше дека тоа ќе биде можно да ги реши предизвиците за толку краток временски период само доколку се работи за лиценцирано производство.

И токму тоа се случи. Moskvich 3 е всушност Sehol X4 произведен од кинескиот JAC, познат како JAC JS4. Сличноста е толку голема што автомобилот сè уште има налепници со оригиналните шифри на JAC делови. Максим Клијушин потврди за Ројтерс дека го користат дизајнот, инженерството и платформата на JAC. Интересно, тој не призна дека кинеската компанија е нивен деловен партнер.

„Ние го имаме (рускиот производител на камиони) Камаз како надворешен партнер и имаме странски партнер на долги растојанија со кој работиме“, рече тој, продолжувајќи: „Не го именуваме тој партнер“.

Преведено, Moskvich 3 е мал кросовер придвижуван од 1,5 бензински мотор. Станува збор за клон на кинескиот модел, но се склопува во Русија, во фабрика која до неодамна ја користеше Рено. За разлика од Lada, овој модел ќе има ABS, но и некоја друга модерна технологија која Avtovaz поради недостиг повеќе не ја вградува.

Планот е до крајот на годината да се произведат, поточно да се склопат 600 Москвичи, а крајната цел е да се произведуваат 100.000 примероци годишно.

Во мај, Рено продаде мнозински удел во автомобилскиот производител Автоваз на руската држава, наводно за една рубља, со можност за откуп во рок од шест години. Француската компанија исто така за една рубља ја продаде фабриката која сега се нарекува Московски автомобилска фабрика Москвич, потсетува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП