2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на BMW i3

Стартуваше производството на BMW i3

i3

По официјалното претставување пред јавноста на саемот за автомобили во Франкфурт, „BMW Group“ во својата фабрика во Лајпциг започна со сериско производство на електричниот автомобил „BMW“ i3. Сериското производство на овој модел започна пред бројни гости, вклучувајќи ги и највисоките раководители на Саксонија.

Првиот „BMW i3“ кој ја напушти производната линија ќе биде искористен како водечко возило на меѓународниот маратон во Берлин кој ќе се одржи на 29-ти септември оваа година. Испораките на моделот „BMW i3“ за купувачите во Германија и во другите Европски земји ќе започне во ноември.

Во фабриката на компанијата во Лајпциг беа вложени околу 400 милиони евра. Тие се искористија за креирање на нова структура и машини за производство на „BMW i“ моделите, а исто така беа отворени и 800 нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП