24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот извоз на енергетски суровини во ЕУ е намален за 6,1 милијарди...

Рускиот извоз на енергетски суровини во ЕУ е намален за 6,1 милијарди евра (ИНФОГРАФИК)

Рускиот извоз на енергетски суровини во Европа е намален за 6,1 милијарди евра. Ова денеска го соопшти Европската статистичка служба.

До крајот на првиот квартал од годината, уделот на рускиот увоз на енергија во ЕУ беше доста стабилен – меѓу 26 и 27,6 отсто. Нагло се намали меѓу првиот и вториот квартал од 2022-ра година, а овој тренд на намалување продолжи до крајот на третиот квартал, покажуваат податоците на Евростат.

Севкупно, уделот на Русија во увозот на енергија од ЕУ падна за повеќе од 10 п.п. помеѓу првиот и третиот квартал од 2022-ра година од 25,5 отсто на 15,1 отсто.

Евростат посочува дека во вториот квартал од 2022-ра година комбинираниот удел на Соединетите Држави и Обединетото Кралство бил 1,4 п.п. повисок од тој на Русија и оваа разлика расте на 4,8 п.п. во третиот квартал од 2022-ра година. Тогаш увозот од САД учествуваше со 12,2% од вкупниот обем, а од Обединетото Кралство имаше учество од 7,7 отсто.

Во меѓувреме, „Bloombeg“ напиша дека Русија изгубила над 90% од својот удел на европскиот пазар на нафта. Испораките паднаа под 100.000 барели дневно (bpd) во последните недели од повеќе од 1,2 милиони пред војната во Украина.

Околу 75 отсто од руската сурова нафта сега натоварена во руските балтички пристаништа е насочена кон Азија.

Ембаргото на ЕУ за увоз на руска сурова нафта по морски пат и поврзаниот руски плафонски механизам за цената на суровата нафта треба да стапат на сила на 5-ти декември, се потсетува публикацијата. Сепак, купувачите се претпазливи и чекаат насоки за тоа како ќе се имплементира ограничувањето на цената и дали ќе има какви било последици за купувачите на руска сурова нафта по стапувањето на сила на санкциите.

Ембаргото на ЕУ за руската нафта ќе создаде огромна несигурност на глобалните пазари на нафта и суровини за само неколку недели, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во својот месечен извештај за пазарот на нафта минатата недела.

„Во услови на знаци за омекнување на растот на побарувачката за нафта, најавата за ембарго на ЕУ за увоз на руска сурова нафта и нафтени деривати и забраната за поморските услуги ќе додадат дополнителен притисок врз глобалните нафтени биланси и особено врз веќе екстремно тесните пазари на нафта дизел“, појаснува Агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП