20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ напредува со планот за поддршка на својата индустрија за чипови

ЕУ напредува со планот за поддршка на својата индустрија за чипови

Европската унија се согласи да продолжи со планот од 43 милијарди евра за започнување со производство на полупроводници во блокот. На овој начин се отстранува една голема пречка во планот за зајакнување на високотехнолошката индустрија на Стариот континент, пишува „Bloomberg“.

Договорот беше поддржан во средата од амбасадорите на Европската унија, рекоа извори запознаени со ова прашање. Одлуката ќе го прошири она што фабриките за чипови се сметаат за „први од ваков вид“ и ќе се квалификуваат за државна помош, но ги спречува сите автомобилски чипови да бидат подобни за финансирањето што некои земји го побараа претходно оваа есен.

Најновата верзија на текстот додава повеќе заштитни мерки кога ЕК може да прогласи вонредна состојба и да интервенира во синџирите на снабдување на компаниите.

Едно од најконтроверзните прашања до тој момент беше користењето на фондовите на Европската унија. Земјите-членки се согласија да не ги прераспределуваат 400 милиони евра од фондовите за истражување на чипови, откако земјите со помали индустрии за полупроводници изразија загриженост дека корист ќе имаат само големите земји како Германија, кои имаат поголеми операции. Амбасадорите бараат комисијата да ги најде парите на друго место.

Министрите на ЕУ се очекува да го потпишат договорот на состанок следниот месец. Европскиот парламент мора да го одобри сопствениот план пред трите институции да се договорат за конечниот договор.

ЕУ има амбициозна цел да произведе 20% од светските чипови до 2030-та година. Европската комисија го објави планот наречен „EU Chips Act“, на почетокот на оваа година. Тој предвидува 43 милијарди евра да одат во индустријата за полупроводници на континентот, вклучувајќи истражување и производство.

Иако планот нема да биде финализиран до следната година, голем број компании веќе најавија нови фабрики за чипови, вклучувајќи ги „Intel“, „GlobalFoundries“, „STMicroelectronics“ и „Infineon Technologies“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП