четврток, 8 декември 2022
ПочетнаСПОРТБИЗДејли мирор: "Ејпл" ќе го купи Манчестер јунајтед

Дејли мирор: “Ејпл” ќе го купи Манчестер јунајтед

Технолошкиот гигант „Ејпл“ покажал сериозен интерес за Манчестер јунајтед, откако семејството Глејзер реши да го продаде клубот, тврди „Дејли Мирор“.

Една од најбогатите компании во светот, која има годишни приходи од 400 милијарди долари, директно никогаш не инвестирала во спортот. Извршниот директор Тим Кук наводно е во преговори со финансиски институции кои треба да ја надгледуваат и да ја вршат оваа работа, иако се уште нема официјални потврди за тоа.

„Ејпл“, наводно е подготвен му плати седум милијарди долари, а потоа да инвестира во клубот. Како што пишува „Дејли стар“, американската компанија е подготвена целосно да го модернизира Јунајтед и да изгради нов стадион.

Кук сака да спроведе технолошки иновации за да го направи Јунајтед најуспешен клуб во светот, за што Глејзерс првично бараа 8,5 милијарди долари.

Но, фактот што клубот не може да освои ништо и игра во Лига Европа, ја спушти неговата цена на седум милијарди долари.

Газдите со години се на удар на навивачите, кои бараат нивно заминување. Навивачите неколку пати организираа протести во и околу „Олд Трафорд“. Тие се пожалија на недоволната комуникација на клубот со навивачите и на низата лоши деловни и спортски потези.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП