20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЦела Украина во мрак по рускиот напад

Цела Украина во мрак по рускиот напад

Денешниот насилен руски ракетен напад врз украинската енергетска инфраструктура ги остави повеќето електрани без струја, исто како и огромното мнозинство Украинци, објави вечерва на Фејсбук украинското Министерство за енергетика.

„Денешниот ракетен напад доведе до привремено исклучување на енергијата на сите нуклеарни централи и поголемиот дел од термо и хидроелектрични централи. Оштетени беа и капацитетите за пренос на енергија. Како резултат на тоа, огромното мнозинство од потрошувачите на електрична енергија во земјата останаа без електрична енергија, Недостигот на струја може да влијае и на достапноста на греење и вода“, соопшти Министерството.

Инженерите работат на поправка на електроенергетската инфраструктура, но поради обемот на уништувањето, поправката ќе потрае, соопшти Министерството.

ОН потврдија: Утре итна седница на Советот за безбедност поради рускиот удар

Советот за безбедност на ОН позитивно одговори на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Утре поради денешните насилни руски напади врз украинската енергетска инфраструктура ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност

Седницата треба да започне во 22 часот.

Во денешните напади на Киев загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и една 17-годишна девојка. Зеленски им се заблагодари на пратениците во Европскиот парламент кои денеска ја прогласија Русија за држава спонзор на тероризмот.

„Русија му докажа на целиот свет дека ја заслужува таа класификација со лансирање 67 ракети кон нашата инфраструктура, енергетските постројки, кон обичните луѓе“, најави Зеленски и додаде: „Сето тоа ќе го поправиме. Ќе го поминеме ова, бидејќи сме нескршливи луѓе“.

Кличко: Киев се соочува со најлошата зима од Втората светска војна

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко предупреди дека главниот град на Украина се соочува со „најлошата зима од Втората светска војна“ по денешните жестоки руски напади врз енергетската инфраструктура. Тој им порача на жителите да бидат подготвени за „најлошото сценарио“ кое вклучува продолжени прекини на струја и ниски температури.

„Мораме да се подготвиме за најлошото сценарио. Зборувам за долгорочни прекини на струја и ниски температури. Во тој случај, делови од градот ќе мора да се евакуираат. Не сакаме тоа да се случи“, изјави Кличко во интервју за Билд.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ги избрка луѓето од градот со наредба на војската да ја бомбардира цивилната инфраструктура: „Путин сака да ги тероризира луѓето, сака тие да смрзнуваат без светлина. Но, тоа нема да се случи. Мој впечаток е дека луѓето ќе се налутат и ќе станат уште порешителни. Нема да умреме или бегаме како што сака Путин“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП