6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските ЛНГ терминали ќе чинат двојно повеќе од очекуваното

Германските ЛНГ терминали ќе чинат двојно повеќе од очекуваното

Терминалите за ЛНГ што Германија ги гради за да ја намали зависноста од рускиот природен гас ќе чинат двојно повеќе од очекуваното, пишува „Reuters“.

Според проценките на тамошното министерство за економија, изградбата на пловечките терминали околу германското крајбрежје ќе чини 6,56 милијарди евра, наспроти 2,94 милијарди евра, колку што беа предвидени во буџетот за 2022-ра година.

Сепак, институцијата посочува дека овие капацитети ќе бидат клучни за најголемата европска економија. „Reuter“ потсетува дека буџетската комисија на Бундестагот веќе го одобрила доделувањето дополнителни средства за изградба на терминалите за течен гас.

Минатата недела Германија ја финализираше изградбата на својот прв терминал во Северното Море во близина на Вилхелмсхавен. Неговата изградба траеше шест месеци и опфати продолжување на кејот, позиционирање на пловечката опрема, изградба на цевководи и приклучување на електричната мрежа. Според проектот, неговиот капацитет е 5 милијарди кубни метри гас годишно.

Вториот терминал на брегот на Брунсбител се очекува да биде изграден во декември.

Во 2023-та година се очекува да се изградат уште четири пловечки терминали, кои вкупно ќе заменат 50-60% од гасот што Германија до неодамна го добиваше од Русија. Земјата може да ги искористи и соседните терминали, на пример, Холандија, за да ги обезбеди потребните количини природен гас.

Берлин исто така има планови за изградба на терминали за течен гас на копно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП