19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПатоказ на „Toyota“ за иднината: Првиот електричен „SUV“ го имаше своето деби...

Патоказ на „Toyota“ за иднината: Првиот електричен „SUV“ го имаше своето деби (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот „Toyota bZ Compact SUV“ ја има својата светска премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

„Toyota“ на тој начин дава навестување за тоа што може да донесе во иднина концептот на „bZ“ во верзијата на компактен теренец, проширувајќи ја визијата на компанијата под чадорот на брендот „bZ“ (Beyond Zero).

Концептот „bZ Compact SUV“ на „Toyota“ е дизајниран како електрично возило со полна батерија (BEV), користејќи чисти и светли дизајнерски идеи. Овој пристап ја слави двојноста на возилото кое истовремено го нуди минималистичкиот дизајн што би го очекувале од „BEV“ со виталноста на иднината. Концептот претставува возило со нулта емисија на штетни гасови, за чие производство се избрани одржливи материјали со мало влијание врз животната средина, кои во исто време овозможуваат динамични перформанси, примена на водечка технологија и модерен изглед на автомобилот.

Аеродинамичниот облик на концептното возило го подобрува неговиот футуристички изглед, препознатлив по тркалата поставени во самите агли на каросеријата, со што се нагласува агресивната положба, создавајќи впечаток дека возилото се движи дури и кога стои во место. Кратките настрешници и аглите на вртење придонесоа овој концепт да добие изглед на возило со напредна технологија, додека заострениот дизајн на кабината му дава агилен изглед со мала отпорност.

Острите линии се протегаат до внатрешноста на автомобилот, со извонредно изработени детали што резултираат со препознатлив изглед. За да ја заокружи темата „Beyond Zero“, дизајнерскиот тим создаде неколку еколошки решенија, како што се седиштата направени од растителни и рециклирани материјали. Личниот асистент во автомобилот ги поврзува возачот и патниците со возилото користејќи звучни и визуелни светлосни сигнали што течат низ кабината, одговарајќи на барања или команди од патниците напред или назад.

Со својата порака„ Beyond Zero“, „Toyota“ ја замислува иднината каде што јаглеродната неутралност ќе се постигне преку практично распоредување на портфолиото на производи со напредни, алтернативни технологии за погон на гориво и нулта емисија.

Разновидната палета на електрифицирани производи ќе и помогне на „Toyota“ да ја постигне својата наведена глобална цел за јаглеродна неутралност до 2050-та година.

Повеќе информации за овој концепт ќе бидат објавени во декември 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП