23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите со жестоки напади на Киев: Експлозии одекнуваат низ Украина, има и...

Русите со жестоки напади на Киев: Експлозии одекнуваат низ Украина, има и жртви

Најмалку едно лице загина во последниот напад на руските сили врз главниот град на Украина, Киев.

Денеска Русија во попладневните часови изврши серија напади врз Украина, а како што пренесува „Гардијан“, експлозиите одекнале и во Лавов.

Многу делови на Украина се без струја, а дури и голем дел од Молдавија остана во мрак по последниот напад. Во Киев наводно била погодена двокатна зграда, а се стравува дека бројот на жртви е многу поголем.

Според неофицијални информации, погодена е една станбена зона, а цел на Русите биле и критични инфраструктурни објекти.

Низ Украина беше издадено предупредување за воздушен напад, а украинските медиуми објавија дека функционираат системи за противвоздушна одбрана во неколку делови на земјата.

„Ракети погодија еден од инфраструктурните објекти во главниот град. Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП