7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Грција на пат кон закрепнување“

„Грција на пат кон закрепнување“

janis1

Грчката економија е на пат кон закрепнување, изјави денес грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, повикувајќи се на проценките на владата, според кои локалната економија забележи раст во вториот квартал.

„Според достапните индикатори, економијата во вториот квартал се зголеми во однос на првиот квартал, и тоа се случи за прв пат од почетокот на кризата, според сезонски прилагодените податоци“, изјави Стурнарас во својот говор на прес-конференцијата.

„За прв пат во владата проценуваме дека БДП во вториот квартал е зголемен во однос на претходниот квартал“, додаде тој.

Грчкиот Завод за статистика не ги објавува сезонски прилагодените податоци за движењето на БДП во однос на претходниот квартал, туку прави споредба со истиот период минатата година. Според неодамна објавените податоци, грчката економија во вториот квартал е намалена за 3,8 проценти на годишно ниво.

Стурнарас, сепак, не сакаше да каже дека економијата излегла од шест-годишната рецесија, напоменувајќи дека економскиот индикатор само укажува на слабеење на рецесијата и постепено закрепнување на активностите.

Министерот потврди дека очекува економијата во оваа година да се намали за околу 3,8 проценти. Претходната проценка на владата изнесуваше 4,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП