13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто повеќе нема да биде исто: ЕП ја прогласи Русија за држава...

Ништо повеќе нема да биде исто: ЕП ја прогласи Русија за држава спонзор на тероризмот

Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која Русија е означена како држава спонзор на тероризмот.

Во резолуцијата се наведува дека воените напади врз цивилни цели се „кршење на меѓународното право“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент во која се наведува дека Русија мора да биде изолирана на сите нивоа, објави Ројтерс.

Еден од авторите на предлогот, европратеникот Владимир Билчик на Твитер изјави дека резолуцијата е усвоена со мнозинство гласови.

„За резолуцијата гласаа вкупно 494 пратеници, 58 беа против, а 44 беа воздржани. Парламентот ги повикува членките на ЕУ да развијат правни механизми за да продолжат да ја санкционираат Русија“, рече Билчик.

Тој оцени дека гласањето било „за незаборав“ и додаде дека е горд што бил еден од авторите на предлогот.

Ројтерс забележува дека овој потег на ЕП е во голема мера симболичен и дека Европската унија нема правни механизми за поддршка на одлуката на Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП