8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМасакр во супермаркет во Вирџинија, напаѓачот е мртов

Масакр во супермаркет во Вирџинија, напаѓачот е мртов

Во престрелка во супермаркет на Волмарт во градот Чесапик, Вирџинија, има мртви и ранети, соопшти полицијата, иако не го соопшти точниот број на жртви. Напаѓачот е мртов.

Полицијата пристигнала во Волмарт на повик околу 10 часот навечер и во следните 40 минути ги пронашла жртвите на пукањето, изјави полицискиот портпарол Лео Косински и додаде дека бројот на загинатите е „помалку од 10“.

Косински вели дека напаѓачот, кој дејствувал сам, најверојатно престанал да пука кога пристигнала полицијата. Не се знае дали полицијата го убила или си го одзел животот.

„Шокирани сме од трагичниот настан во Чесапик. Се молиме за сите погодени. Работиме со полицијата и сме фокусирани на поддршката на нашите соработници“, рекоа од Волмарт.

Масовното убиство во Вирџинија се случи три дена откако вооружен маж отвори оган во геј клуб во Колорадо Спрингс, при што уби пет, а рани 17.

Масовно убиство се случи и во Волмарт во Тексас во 2019 година. Напаѓачот, кој пукал со намера да убие Мексиканци, уби 22 лица. Тогаш немаше обезбедување во Волмарт.

По масакрот во Тексас, Волмартt го повлече огненото оружје од продажба, но во 2020 година повторно беа вратени на полиците во околу половина од продавниците во САД.

Демократскиот сенатор од Вирџинија, Марк Ворнер, на Твитер напиша дека „му се мачи од вестите за уште едно масовно убиство“.

Портпаролот на болницата во Норфолк, недалеку од Чесапик, изјави за локалната телевизија WAVY дека пет лица се лекуваат таму, но не ја прецизираше нивната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП