9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако до одличен маркетинг план?

Како до одличен маркетинг план?

marketingplan1

Маркетинг планот одзема многу време, пари и подготовки. Еден од најдобрите начини да се промовирате себе си е да создадете солиден маркетинг план. Моќниот маркетинг план ќе Ви овозможи не само да се придржувате до вашиот распоред туку и да ги трошите вашите средства мудро.

Што може да направи маркетинг планот за малите бизниси?

Маркетинг планот ги вклучува целите на пазарот како и Вашата позиција на истиот тој пазар, но и Вашата тактика за тоа како да се справите со конкуренцијата и како да ја зголемите продажбата. Вашиот мал буџет за маркетинг мора да биде вклучен во вашиот план за маркетинг. На овој начин ќе ги претставите трошоците за постигнување на Вашите маркетинг цели во одреден временски период. Ако немате средства за да ангажирате маркетинг агенција тогаш постојат ресурси кои ви стојат на располагање за да ве водат низ процесот на пишување на план за маркетинг и развој на пазарниот буџет.

Внимавајте на рентабилноста

Еднаш кога ќе го развиете Вашиот буџет за маркетинг тогаш ќе почнете да ги реализирате Вашите задачи. Можеби ќе биде потребно време да преземете друга маркетинг тактика за да ви помогне поефикасно да ги остварите Вашите цели на пазарот. Најважно од се е да ги повратите вашите инвестиции, а не да се придржувате до фиксен буџет. Помислите какво влијание имаат маркетинг активностите врз вашите приходи на одреден временски период во однос на друг. Исто така земете ги во предвид тактиките кои добро функционираат и оние кои не функционираат. Вие не треба да ги изолирате тактиките кои што не функционираат но треба да оцените дали да им дадете повеќе време за разработување или да одлучите дали средствата се добро насочени. Некои тактики се многу тешки за мерење како што се ефикасноста од печатење на колатерал (брошури, продажни листови и др.). Маркетинг плановите треба да се одржуваат на минимум годишна основа. Но ако во меѓувреме имате некој нов производ или услуга тогаш треба повторно да го ревидирате вашиот план за маркетинг или да создадете посебен план за кампања кој што можете да го додадете во вашиот главен план како додаток. На крајот на денот, времето кое што сте го поминале за развој на Вашиот маркетинг план е добро потрошено време бидејќи ви овозможило да се поврзете со Вашите клиенти. А тоа е вредна инвестиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП