27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа одбива, но не и азиските земји: Катар и Кина го потпишаа...

Европа одбива, но не и азиските земји: Катар и Кина го потпишаа најдолготрајниот договор

Катар објави дека потпишал 27-годишен договор со Кина за снабдување на земјата со течен природен гас.

Тие изјавија дека тоа е најдолгиот договор некогаш постигнат во тој сектор.

Ова беше најавено во екот на светската енергетска криза и во време кога неколку европски земји бараат алтернативи за руските енергенси, а не успеаја да постигнат таков договор со богатиот емират во Персискиот залив.

Јавната компанија Катар енерџи секоја година ќе извезува четири милиони тони течен природен гас (ЛНГ) од својот нов проект Северно поле во кинеската нафтена корпорација Синопек, изјави на прес-конференција катарскиот министер за енергија Саад Шерида Ал Каби.

Тоа е најдолготрајниот договор во историјата на индустријата за течен природен гас (ЛНГ), изјави катарскиот министер кој е и извршен директор на Катар енерџи.

Северното поле е во центарот на стратегијата на Катар за зголемување на производството на течен природен гас за повеќе од 60 отсто, за да достигне 126 милиони тони годишно до 2027 година.

Азија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја го претставуваат главниот пазар за гас за Катар, со кој европските земји се повеќе се обидуваат да склучат договори по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Сепак, преговорите со Европејците беа тешки, Германија и другите земји одбија да потпишат такви долгорочни договори како што Катар склучи со азиските земји, наведува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП