29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа складира руски дизел пред да стапи на сила ембаргото

Европа складира руски дизел пред да стапи на сила ембаргото

Европските трговци активно ги полнат своите резерви на руски дизел во пресрет на нафтено ембарго на Европската унија (ЕУ), пишува „Reuters“.

Заедницата ќе забрани увоз на руска нафта од 5-ти декември, а руски горива од 5-ти февруари 2023-та година. Загриженоста на континентот е дека алтернативите се ограничени и може да дојде до недостиг на гориво.

Според податоците на аналитичарите на „Vortexa“, во првата половина на ноември, увозот на руски дизел во т.н. Рафинеријата центар „ARA“ (кратенка од имињата на пристанишните градови Амстердам, Ротердам и Антверпен – ед.) се зголеми на 215 илјади барели дневно, или зголемување од 126% во споредба со првата половина на октомври.

Рускиот дизел сега сочинува околу 44 отсто од вкупниот европски увоз, од 39 отсто во октомври, покажуваат и податоците на „Refinitiv“. Но, во исто време, зависноста на Европа од руските горива е намалена за 50% во споредба со месеците пред почетокот на војната во Украина, додава „Reuters“.

Европа треба да обезбеди алтернативен увоз за да го пополни недостигот од 500-600 илјади барели дневно, а овие количини може да доаѓаат од САД, Блискиот Исток и Индија, според аналитичарот на „FGE“, Јуџин Линдел.

На 30-ти ноември, трговците мора да докажат на берзата за нафта „ICE“ дека нема руска нафта во мешавините што ги увезуваат според нивните договори од јануари 2023-та година. Во декември, на танкери со руска нафта сè уште им е дозволено да пристигнуваат во „АRА“, но таа ќе биде префрлена на други бродови и нема да се тргува во Европа.

Во меѓувреме, Кина, исто така, почна да го зголемува извозот на нафтени деривати, особено на дизелот. Според аналитичарите, планираните товари за ноември се околу 6 милиони тони или 37% повеќе во однос на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП