19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботодавците во САД планираат рекорден раст на платите во 2023-та

Работодавците во САД планираат рекорден раст на платите во 2023-та

Работодавците се подготвуваат за најголемиот годишен скок на платите во последните 15 години. Тие имаат намера да ги зголемат буџетите за плати за 4,6% во 2023-та година. Ова го покажува последното меѓународно истражување на консултантската фирма „Willis Towers Watson“, во кое учествувале 1.550 американски работодавци, пренесе „CNN“.

Голем број компании големиот скок на буџетот за плати го припишуваат на два фактори – инфлацијата и стеснетиот пазар на труд.

Со вкупната инфлација во САД на 7,7%, секое покачување кое вработениот го добива под тие нивоа, ефективно значи дека ќе заработува помалку бидејќи со неговата плата нема да купи толку многу.

Честопати, што компаниите очекуваат да платат повеќе во дадена година и што на крајот ќе платат се разликуваат во зависност од пазарните услови. Оваа година, на пример, 70% од организациите анкетирани од „Willis Towers Watson“ изјавија дека потрошиле повеќе отколку што првично планирале. Севкупно, работодавачите оваа година потрошија 4,2% повеќе на плати отколку во 2021-ва година.

Колку ќе се зголемат платите?

Работодавците имаат намера да преземат голем број пристапи за зголемување на платите на своите вработени во 2023-та година.

21% ќе го преиспитаат нивниот целокупен пакет за компензација за да се осигураат дека ќе ги задржат вработените.

17% ќе ги зголемат, а 12% планираат и 12% разгледуваат преструктуирање и намалување на бројот на вработени.

Распределбата на самото зголемување на платите се очекува да биде нерамномерна. Некои работници ќе забележат многу поголем пораст на месечната плата од просечната. Тоа ќе зависи од повеќе фактори – перформансите и моменталното пазарно вреднување на работната позиција.

Новите закони за транспарентност на платите во САД се очекува да го зголемат притисокот за ажурирање.

„И како и секогаш, оние чии вештини се најбарани веројатно ќе забележат најголеми зголемувања на платите. Некои вработени ќе добијат непропорционален дел од зголемувањето на буџетот на платите бидејќи тешко се регрутираат“, рече Каролина Валенсија, потпретседател за човечки ресурси во „Gartner“.

Компанијата очекува уште поголеми зголемувања на платите следната година. Нивното истражување на работодавците, спроведено во септември и октомври, покажа дека организациите во Северна Америка очекуваат да понудат зголемување на платите во просек за 7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП