18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за еден од најдобрите јапонски автомобили

Крај за еден од најдобрите јапонски автомобили

За разлика од првата генерација, втората траеше многу пократко и со многу помал интерес кај клиентите.

Првата генерација на „Honda NSX“ беше претставена во 1990-та година, а на пазарот остана до 2005-та година. Во тоа време доби голем број обожаватели, но и ласкавиот епитет на јапонското „Ferrari“.

„NSX“ беше повеќе од тоа, па „Honda“ реши да лансира наследник. Се појави на патиштата во 2016-та година, но не постигна ниту блиску до успех.

Се произведуваше во Америка, а таму имаше најмногу клиенти. „NSX“ сега се залагаше за „New Sports EXperience“, а повторно пристигна со 3,5-литарски V6 мотор, но и со три електромотори.

На стартот се нудеше погон на сите тркала и 581 ks, а потоа „Type S“ дополнително ја подигна моќноста на над 600 „коњи“. Сепак, сето тоа беше недоволно за опстанок.

Последниот примерок неодамна беше составен во фабрика во Охајо.

Тоа беше ограничена серија од 350 автомобили и понуди најмногу што „Honda“ досега понудила на моделот „NSX“.

Обновен е постоечкиот 3.5-литарскиот V6 twin-turbo, како и хибридниот систем, а епилогот е 608 ks и „ѓаволски“ 666 Nm.

Потребни се помалку од три секунди за да се постигне 96 km/h, а максималната брзина е 307 km/h. И сето тоа со значително помала потрошувачка (и бучава) од суперспортските ривали.

Сега се споменува третата генерација, која во согласност со трендовите треба да биде целосно електрична.

Првата генерација е сè уште светост, но и втората генерација ги има сите предуслови еден ден да добие култен статус меѓу љубителите на класичните суперспортски автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП