6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет ќе ја гради една од најголемите ветерни електрани во светот

Египет ќе ја гради една од најголемите ветерни електрани во светот

Египет започнува со изградба на еден од најголемите ветерни електрани во светот во 2024-та година, а средствата што ќе ги одвои се 11 милијарди долари, пишува „Bloomberg“.

Плановите се проектот да биде финализиран во 2030-та година, а проектантскиот капацитет на објектот кој ќе биде лоциран на копно ќе биде 10 гигавати.

Според акционерите на проектот, со изградбата на паркот Египет ќе може да извезува струја во Европа и Саудиска Арабија преку постоечките и планираните далноводи.

Акционерите, вклучително и „Masdar“ од Абу Даби, како и египетската компанија „Hassan Allam Utilities“, планираат да ги обезбедат областите на кои ќе бидат лоцирани турбините на ветер до крајот на оваа година. Постојат две можни локации – во близина на Миња, кој се наоѓа на западниот брег на реката Нил, и во близина на Асуан – најјужниот град во Египет, исто така покрај реката. Во двете области брзината на ветерот достигнува околу 10 метри во секунда, што ги прави погодни за распоредување на вакви објекти.

Планираниот капацитет на новиот парк со ветерници е околу 1/5 од целиот зелен капацитет што е достапен во Велика Британија денес.

Конзорциумот вклучен во овој проект за ветер работи и на изградба на фабрика за производство на зелен водород. Неговиот капацитет е 480.000 тони годишно, а инсталацијата се очекува да биде оперативна и во 2030-та година, според „Bloomberg“.

Околу 80 отсто од двата проекта ќе се финансираат со позајмени средства, велат акционерите на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП