15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКремљ се закани: Ќе ги најдеме и ќе ги казниме

Кремљ се закани: Ќе ги најдеме и ќе ги казниме

Кремљ денеска објави дека ќе ги изведе пред лицето на правдата одговорните за наводната егзекуција на руски воени заробеници во Украина.

Кремљ додаде дека ќе стори се за да го привлече вниманието на воените злосторства.

„Нема сомнеж дека самата Русија ќе ги бара сторителите на тоа злосторство и тие мора да бидат пронајдени и казнети“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Минатата недела Русија ги обвини украинските војници за егзекуција на повеќе од 10 руски затвореници, повикувајќи се на видео кое кружи на руските социјални мрежи, објави Ројтерс.

Русија ја повикува меѓународната заедница да влијае на Украина да престане да ја гранатира нуклеарната централа во Запорожје, рече Песков, пренесе ТАС С.

Кремљ не разговара за можноста за втор бран на мобилизација во Русија, рече Песков.

Тој, сепак, рече дека не може да зборува во име на руското Министерство за одбрана.

„Москва сака да ги постигне своите цели во рамките на специјалната воена операција во Украина и тоа ќе го постигне“, истакна Песков на прес-конференцијата, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Москва наводно не побарала да преговара со Киев, но дека сакала да постигне краткорочен прекин на непријателствата.

Песков истакна дека промената на сегашниот режим во Украина не е меѓу целите на руската специјална воена операција и дека тоа веќе го спомнал рускиот претседател Владимир Путин.

Одбивањето на Полска да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на 29. Министерски совет на ОБСЕ е голем проблем за организацијата, но не може да предизвика непријатност кај руската страна, посочи Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП