27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГи нема во публика: Луѓето забележаа необичен детал на Мундијалот

Ги нема во публика: Луѓето забележаа необичен детал на Мундијалот

Светското првенство во фудбал почна во саботата со натпреварот Катар -Еквадор, а гледачите веднаш забележаа необичен детал на трибините.

Од милионите луѓе кои  на своите ТВ-приемници го гледаа натпреварот и церемонијата на отворање на првенството голем процент рекоа дека не виделе жени на трибините на стадионот Ал Бајт.

Еден ден по воведниот натпревар, многу љубители на фудбалот од целиот свет забележаа дека не виделе жени навивачи на првиот натпревар од Светското првенство во фудбал во Катар.

Според податоците на „Статиста“, 37% од љубителите на фудбалот се жени, додека мажите сочинуваат мнозинство со 63%, но сцените од првиот натпревар не одат во прилог на овие статистики.

„Нема жени“ напиша еден навивач на социјалните мрежи, додека друг праша: „Дали гледате жени на трибините, дали воопшто им е дозволено да присуствуваат?“, а трет се пошегува дека трибините личат на седиштето на „Твитер“.

Иако на жените им е дозволено да присуствуваат на натпреварите, гледачите забележале дека речиси и ги нема, коментирајќи дека е невообичаено да се гледа фудбалски натпревар без жени во публика, кои, можеби токму поради оваа причина, не биле ни снимени.

Светското првенство во Катар го одбележаа бројни контроверзи дури и пред самиот почеток. Од забраната за алкохол, застарените упатства за однесување и неодамнешниот скандал со платени фанови, а ова е само уште еден во низата.

Катар и ФИФА се соочуваат со критики од навивачите и владите уште откако во 2010 година земјата го доби правото да биде домаќин на Светското првенство.

Имаше обвинувања за корупција во процесот на наддавање и лош живот и услови на работниците мигранти.

Во пресрет на Светското првенство навивачи тврдеа дека земјата е премногу строга со законите за стадионите и хомосексуалноста и  дека постои одреден недостиг на инклузивност на луѓето од сите групи и еднакви родови права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП