19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Њујорк тајмс“ потврдува дека Русите ја зборуваат вистината: Имаат докази

„Њујорк тајмс“ потврдува дека Русите ја зборуваат вистината: Имаат докази

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ наведе дека видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична.

„Раша тудеј“ наведува дека на видеото се прикажани настаните што се случија во селото Макеевка во Луганск во средината на ноември. За потсетување, официјален Кремљ го обвини Киев дека украинската армија егзекутирала неколку руски војници.

„Видеата, чиј кредибилитет го утврдивме, претставуваат ретка можност да се видат некои од ужасните ситуации на војната, но тие не покажуваат зошто биле убиени руските војници“, вели Њујорк Тајмс.

Весникот додава дека сè уште „останува мистерија“ што всушност се случило со војниците.

Меѓутоа, „Њујорк тајмс“ посочува дека, судејќи според видеото, „најмалку 11 Руси се убиени од непосредна близина откако еден од нивните соборци отвори оган врз украинските војници кои стоеја во близина“.

За потсетување, Украина претходно објави дека ја проверува автентичноста на видеото.

„Пред да започне истрага, мора да има основа за тоа. Во моментов утврдуваме дали овие видеа се лажни“, изјави тогаш портпаролот на главниот штаб Богдан Сеник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП