9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКашкавалот и сирењето ќе зреат по стара(повисока) цена!

Кашкавалот и сирењето ќе зреат по стара(повисока) цена!

Компаниите од преханбениот сектор со забрзано темпо ги потпишуваат договорите за користење на поевтина струја во своите производствени и продажни капацитети. Како еден од условите за добивање на субвенционирана струја од државата е своите производи да ги продаваат по намелени цени. Од пекарската индустрија први се огласија дека лебот и печивата ќе поевтинат, но од млечната и месната индустрија засега нема некои посериозни најави дека и тие ќе го следат принципот на нивните колеги од пекарската индустрија. Инспекторите велат дека будно ќе ја следат ситуацијата со цените во малопродажба и нема да има предупредувања и опомени, туку ригорозни казни за оние кои нема да ги почитуваат правилата.

Од Стопанската комора за Денар велат дека секоја компанија ќе ги намалува процентуално цените на производите во зависност од процентот на учество на енергијата во крајниот производ, но под услов цените на суровината, амбалажата и другите инпути да останат исти. А нивните анализи и пресметки велат дека цените на суровините се повеќекратно зголемени изминатата година. Бизнисмените додаваат дека во изминатиот период почнувајќи од 2021 година, но особено со почетокот на украинската криза, суровините од кои Македонија е особено зависна се во постојан раст.

„Нивелирањето на цените во прехранбениот сектор (месна, млечна и мелничко пекарска индустрија), зависи од времетраењето на изработка на производот. Најбрзо ефектите ќе се почувствуваат во мелничко пекарската индустрија, подоцна во месна и млечна индустрија. Секоја дејност има различна пресметка. Онаму каде што најбрзо треба да се очекува некакво раздвижување на цените во надолна линија е во пекарската индустрија. Таму процесот на преработка или на производство е со најкраток времен рок и очекувањата се дека во пекарската индустрија најбрзо ќе се почувствуваат намалувањата на цените во малопродажбата. Во млечната индустрија имаме една специфична ситуација, каде што дел од производите како што се сирењето, кашкавалот тие имаат процес на обработка од два до три месеци. Тоа значи дека ако струјата ја добиеме во декември ефектот оваа индустрија нема да ја почуствува во декември туку два месеци подоцна.“

Но од Министерството за економија посочија дека не треба да има сега изговори во однос на тоа дали храната треба да поевтини. Лебот, млекото и месото во најскоро време мора да поевтинат за најмалку 10 отсто, а во текот на следниот месец и повеќе. Информациите на ресорното министерство се дека и увозните суровини се намалени, како на берзите така и на останатите набавни мрежи.

„Согласно сите проекции и анализи очекуваме намалување во речиси секој од производите наведени во Одлуката. Може да се случи да има зголемување на цената на суровини кои се увезени, но секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира и ако тоа е проблемот за да има дополнитело намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направени, но прво сакаме да видиме дека има волја дека кризата не треба да биде на товар на граѓаните, односно потрошувачите, туку сите да ја распределиме“, велат од Министерството за економија.

Од Државниот пазарен инспекторат пак велат дека будно ја следат состојбата. Контроли се вршат секојдневно и констатирале дека во последниве неколку ннедели има драстичнио намалување на злоупотребите од страна на трговците. Инспекторите им порачуваат на трговците дека нема да им се исплати да бидат парично казнети или нивниот бизнис да им биде принудно затворен поради непочитување на владината мерка.

„Ние и понатаму ќе ја следиме ситуацијата и што се случува на пазарот и Државниот пазарен инспекторат како најголем и најнадлежен ќе биде секој ден на терен со цел да бидат заштитени правата на потрошувачите“, велат од ДПИ.

Близу 1000 компании од прехранбената индустрија ќе плаќаат 80 евра по мегават час од декември до крајот на април. На ваков начин овие компании ќе заштедат најмалку за 50 отсто од трошоците за електрична енергија. Македонија има највисока инлафија во споредба со земјите од регионот и изнесува 20 отсто.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП