25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШефот на британската разузнавачка служба: На Москва и го зададовме најзначајниот стратешки...

Шефот на британската разузнавачка служба: На Москва и го зададовме најзначајниот стратешки удар

Шефот на британската разузнавачка служба оцени дека протерувањето на 400 руски шпиони низ Европа и го нанесе „најзначајниот стратешки удар на Москва“ во поновата историја, а истовремено го изненади Владимир Путин.

Во годишниот извештај за тековните закани за Велика Британија, Кен Мекалум исто така ги повтори предупредувањата за кинеските обиди да влијаат врз британското законодавство и обидите на Пекинг да ја следи и вознемирува кинеската дијаспора.

Тој истакна дека огромен број руски функционери се протерани од целиот свет, од кои 600 од Европа, а повеќе од 400 од протераните се осомничени за шпионажа.

Тој опиша како Британија користела „добро испробани методи на протерување“ усвоени по труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, Англија во 2018 година, што предизвика бран дипломатски протерувања.

МекКалум рече дека Британија оттогаш одбила повеќе од 100 барања за руски дипломатски визи, наведувајќи ги причините за национална безбедност.

„Се работи за тоа дека Обединетото Кралство мора да биде подготвено за руска агресија во иднина. Дел од тоа ќе биде прикриена агресија, со која МИ5 ќе се справи и ќе ја победи. Но, најголемиот дел, како и сегашната состојба со енергетските производи, ќе биде од отворен тип“, рече тој.

Тој предупреди дека руските „тајни алатки“ се сајбер напади, дезинформации, шпионажа и мешање во британскиот демократски процес, и тврди дека МИ5 работи напорно за да го направи Обединетото Кралство „најтешката можна оперативна средина за руска тајна акција“.

Тој конкретно ја спомена заканата од олигарсите поврзани со Путин.

Успешно исфрливме дел од нивните играчи од игра, а сега тие се обвинуваат меѓусебно во сопствената соблекувална, но повторно ќе не нападнат“, рече тој користејќи фудбалска аналогија, пренесува Јутарњи лист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП