Синоќа околу полноќ oд електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Како што велат од компанијата, се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката.
„ Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа. Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата“ соопшти компанијата.

