8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИстражувањето даде одговор на прашањето кој повеќе ужива во возењето – возачите...

Истражувањето даде одговор на прашањето кој повеќе ужива во возењето – возачите на е-велосипеди или класичните велосипедисти?

Иако некои љубители на велосипедизмот сè уште тврдат дека електричните велосипеди никогаш нема да можат да го пружат задоволството како чистото возење со педали, бројот на возачи на е-велосипед постојано се зголемува. Ваквиот начин на транспорт се покажа како исклучително корисен и ефикасен бидејќи е-велосипедистите не користат автомобили, а физичката активност се уште е присутна, само со помал замор и, што е многу важно при одење на работа, на пример, помалку потење.

Покрај тоа, на многу луѓе овој начин на возење е повозбудлив и повеќе уживаат во него. Ова го покажаа резултатите од студијата објавена во Journal of Transport & Health. Треба да се нагласи дека ова истражување е спроведено на многу мал примерок од само 15 луѓе, но неговите резултати се секако значајни.

Учесниците во истражувањето возеле велосипед во два наврати по еден час, а во текот на возењето биле следени нивните отчукувања на срцето. По возењето, велосипедистите морале да пополнат прашалник за задоволството во текот на возењето, тежината на возењето и заморот, а научниците овие податоци ги поврзале со пулсот.

Резултатите што ги добија не се изненадувачки. Имено, оние кои само ги вртеле педалите, без поддршка на електромотор, повеќе се изморувале, а возачите на електрични велосипеди трошеле 13 отсто помалку енергија додека возеле. Што се однесува до уживањето во возењето, многу позадоволни беа возачите на електрични велосипеди. Имено, без разлика колку е забавно и големо задоволство возењето класичен велосипед, повеќето луѓе кои имале можност да возат електрични велосипеди многу добро знаат колку е забавно да се сврти рачката и наеднаш да се забрза е-велосипедот додека се вози.

Иако критичарите на електричните велосипеди веруваат дека физичката активност на нивните возачи е многу помала бидејќи педалите се вртат поретко и побавно, некои студии го покажаа токму спротивното. Имено, бидејќи возењето е-велосипеди е полесно и возачите се помалку уморни, тие поминуваат повеќе време возејќи ги овие велосипеди, така што вкупното време на педалите е често подолго во споредба со класичните велосипедисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП