29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРепубликански конгресмени до Блинкен: Дали перете пари со Киев?

Републикански конгресмени до Блинкен: Дали перете пари со Киев?

Републикански конгресмени испратија писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое бараат информации за можни финансиски врски меѓу Демократската партија и владата на Украина.

Неодамна, имаше теории дека демократите и владата во Киев се поврзани преку банкротираната крипто берза FTX.

Писмото, во кое Спутник имал увид, го потпишале конгресмените Трој Нелсон, Луи Гомерт, Мери Милер и Бирдон Доналдс.

„ Дознавме дека милијарди долари од даночните обврзници, кои беа испратени во Украина како воена помош, потенцијално може да се инвестираат во берзата за криптовалути FTX, која подоцна донира огромни средства на американските демократи за време на конгресните избори во 2022 година“, се вели во писмото, во кое Спутник имаше пристап до копија.

Во писмото се тврди дека во март оваа година, владата на Украина, заедно со FTX, отворила страница за собирање донации. Конгресмените тврдат дека тоа се случило само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ветил дека ќе одвои милијарди долари за помош на Украина.

Републиканците стравуваат дека украинската влада можела да инвестира дел од средствата доделени на Киев во берзата FTX, а потоа да ги искористи за да им помогне на демократите да останат на власт во САД.

Во врска со ова, конгресмените побараа од Блинкен извештај за тоа дали Стејт департментот спроведува истрага за можните инвестиции на Украина во крипто берзата и дали администрацијата на Бајден има намера да спроведе ревизија на помошта доделена на Украина.

По минатонеделните среднорочни конгресни избори, републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, додека демократите го задржаа мнозинството во Сенатот.

Претходно, членовите на Републиканската партија постојано ја критикуваа политиката на актуелната американска влада во однос на финансиската поддршка за Киев, заканувајќи се дека во случај на победа на изборите ќе ја заострат контролата по ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП