3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои пари се највалкани?

Кои пари се највалкани?

pari112

Истражувањето кое опфати голем број на банкноти во светот, открива дека швајцарските франци се најголемите носители на бројни микроби и бактерии.

Како што пренесува швајцарскиот весник „20 минути“, тројца истражувачи, Хабиб Гедик, Тимоти Вос и Андреас Вос, ја истражувале загаденоста на банкнотите во еврозоната, Канада, Хрватска, САД, Индија, Мароко и Романија.

Резултатите од ова истражување покажале дека швајцарските банкноти се просечно валкани, исто како и еврото и романскиот леј, но повеќе од индиската рупија.

Истражувачите истакнуваат дека овој резултат не покажува дека Швајцарците не водат доволно грижа за хигиената, туку дека од суштинска важност е видот на хартијата од која се изработени банкнотите, како и неговата подложност на микроби и бактерии.

Токму поради ова, велат истражувачите, банкнотите на хрватската круна или индиската рупија содржат помалку бактерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП