5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКарипската „мала Швајцарија“ стана рај за богатите Руси: Цена најмалку 150.000 долари

Карипската „мала Швајцарија“ стана рај за богатите Руси: Цена најмалку 150.000 долари

Кога рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во септември, многу способни мажи почнаа да бараат начини да ја избегнат.

Оттогаш, илјадници Руси побегнаа во блиските земји без визи, како Турција и Грузија.

За оние побогати граѓани, една држава стана примамлива алтернатива. Гренада – островска држава на југоисточниот дел на Карипското Море – се соочува со зголемување на бројот на барања за државјанство.

Во март, Гренада, заедно со другите карипски земји, воведоа санкции кон Русија, вклучително и забрана за пристап до инвестициската (т.н. „златна“) програма за пасоши.

Додека другите земји продолжија да ја применуваат забраната, Гренада го смени курсот во јуни и им дозволи на Русите да аплицираат за државјанство, пренесува Јутарњи лист.

Оттогаш, бројот на апликации за тие пасоши во Гренада се зголеми за три пати. Во јуни годинава имало 167 барања за државјанство по пат на инвестиција, а во септември дури 462 барања, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

За минимална инвестиција од 150.000 УСД, апликантите можат да добијат пасош на Гренада што овозможува безвизно патување во повеќе од 100 земји во светот, вклучувајќи ги Кина, Обединетото Кралство и Шенген зоната. Исто така, таа е единствената карипска земја која има договор за инвестирање со САД што им дозволува на граѓаните да аплицираат за неимигрантски визи.

„Бројот на барања за државјанство на Гренада по инвестициска иницијатива делумно се зголемува поради богатите Руси кои сакаат да ја напуштат земјата“, изјави за Блумберг Ричард Халам, советник за државјанство на Гренада по инвестициска програма. Халам проценува дека богатите Руси би можеле да го сочинуваат најголемиот дел од апликантите оваа година.

Програмата за државјанство преку инвестиција на Гренада беше лансирана во 2013 година и им дава можност на квалификуваните инвеститори и нивните семејства да добијат пасош на Гренада во замена за инвестиција во економијата на земјата од најмалку 150.000 американски долари. Друг начин да се добие пасош е да се купи недвижен имот одобрен од владата во вредност од најмалку 350.000 американски долари, пишува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП