23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСТРАШНО ВИДЕО ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА! Се иживуваат со професорката и ја...

СТРАШНО ВИДЕО ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА! Се иживуваат со професорката и ја снимаат(ВИДЕО)

Во инцидентот во Техничкото училиште во Трстеник учествувале тројца ученици кои ја понижиле професорката, а сето тоа го снимиле со мобилен телефон и подоцна го објавиле на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од тројца ученици како се иживуваат со професорката која ја понижиле, а за да биде уште полошо, еден од нив го снимил на својот телефон, а подоцна тоа видео било објавено и на социјалните мрежи.

На видеото може да се види како еден разговара со професорката и се расправа со неа, додека друг приоѓа одзади и го повлекува нејзиното столче, додека третиот сето тоа го снима со мобилен телефон.

Оваа „шега“ заврши, за среќа, без посериозни последици за жртвата на насилство која не се здоби со сериозни повреди, но срамното однесување на учениците ја изложи на страшно понижување. Можеби полошо од каква било повреда е смеата на бездушните ученици кои уживаат да ја мачат наставничката.

Како што изјави за медиумите директорот на Техничкото училиште, против „шегобиецот“ е поведена дисциплинска постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП